(Видео) Скандал во Охрид: Нефи со амин на Пецаков острани спомен плоча на борците на НОБ

t

Реагира политичката партија Левица:

Фирмата ,,Нефи Ик”, тендер партнерот на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пред својата дивоградба во Охрид ја искрши и отстрани спомен – плочата на Охридскиот судски процес во кој на 26 и 27 ноември 1941година, беа осудени со казна затвор и смртна казна, група комунисти, поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички ОКУПАТОР. За жал, никој од надлежните не реагира.

⚠️Кон крајот на август 2023 година, градежен инспектор утврди отстапување од проектот за реконструкција, го затвори градилиштето и донесе РЕШЕНИЕ за отстранување на нелегалните доградби на објектот. Но, и покрај тоа градежните активности продолжија. Локалниот шериф, Нефи Усеини, не само што не постапи по решението на градежниот инспектор, туку се дрзна да ја отстрани спомен – плочата на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор!

И додека Левица организираше протести против бугарскиот фашистички клуб ,, Цар Борис Трети”, против глорификација на фашизмот, тука во непосредна близина на поранешниот бугарски фашистички клуб, деновиве е отстранет споменикот кој сведочи за антифашистичката определба на охриѓани и македонскиот народ воопшто.

❌️Најзагрижувачки е што надлежните молчат. Молчи и Сојузот на борци, како и коалицијата СДС и ДПМНЕ, за атер на нивниот коалициски партнер ДУИ. #Левица ги повикува надлежните веднаш да излезат на терен и да реагираат, а спомен – плочата да биде повторно поставена на истото место.
Не смееме да дозволиме историското минато на македонскиот народ и неговата антифашистичка борба да бидат заложници на дивоградбите на Нефи и на нечии лични интереси!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…

Масовни протести во Франција, запален и еден…

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…