(Видео) Следува ли директна конфротација помеѓу Русија и Украина: Луганск и Доњецк бараат да се повлече украинската армија и да им ги врати териториите, инаку…

t

Политичарот на Комунистичката партија Калашников од Државната дума вели дека границата на републиките Доњецк и Луганск ќе биде признаена како граница на провинциите Доњецк и Луганск – т.е. вклучувајќи градови како Славјанск и Мариупол кои се под украинска воена контрола.

Жителите на новопризнените од руска страна сепаратистички региони очекуваат отцепување на нови територии од Украина.

„Можам лесно да замислам ситуација кога, бидејќи тие би биле само една рака подалеку од моќната поддршка на Русија, дополнителни територии на Украина ќе се кренат и ќе се отцепат. Харков, Днепропетровск, Запорожје, Одеса и Киев. Таму живеат и милиони наши руски сонародници“, вели еден од жителите.

„Момци, време е да си ја вратиме територијата“, велат граѓаните од Доњецк, „верувајте ми, не чекаат“ „Време е да ги вратиме Мариупол и Славјанск“, изјави друг граѓнин

Жител на Авдеевка, територија по контрола на Украина, вели: „Веруваме дека ќе бидеме со вас наскоро. Цел Донбас ќе биде обединет и ќе ги поздравиме Русите со цвеќиња“.

Заменик-претседател на парламентот на „Лугански“ пак истакна „наша територија е целиот регион Луганск, ќе ја повикаме Украина доброволно да ги повлече војниците, во спротивно ќе бидат преземени мерки“.

Пред малку парламентите на Луганск и Доњетск го ратификуваа договорот кој вчера го потпиша рускиот претседател Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…