(Видео) Следува ли казна?! Џака стоеше во место и гледаше како Косово израмнува против Швајцарија

t

Гранит Џака е долгогодишен член на швајцарската фудбалска репрезентација и беше дел од сите големи успеси на националниот тим во изминатата деценија, па поради тоа доби заслуга да ја носи и капитенската лента.

Сепак, лидерот на Швајцарците во последно време е на удар во јавноста во оваа земја поради отворениот конфликт кој го води со селекторот Јакин, а во прилог не му оди и неговата постапка на последниот квалификациски меч.

Доскорешниот играч на Арсенал е Швајцарец кој има албански корени поради потекло од Косово, па сега се чини дека не форсираше премногу за да спречи израмнувачки гол на оваа репрезентација во квалификациите за Европско првенство.

Швајцарија имаше водство од 1:2 длабоко во судиското продолжение, но тогаш Муричи израмни на 2:2 и донесе голема радост на трибините во Приштина.

На видеото може да се забележи како Гранит Џака се откажува од чување на противничките играчи и е само гледач плус надвор од шеснаесетникот, а овој негов „професионален“ однос наиде на жестоки критики во Швајцарија, но и во соседна Србија каде од поодамна имаат добри причини да не го сакаат играчот за врска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП ја објави листата на должници: 2.008…

Даночен долг кон државата од над 13,64…

Гори на три локации низ Македонија, четири…

На ден 11/12.09.2026 година, до 07:30 часот,…

Путин: Резултатите на АфД се последица на…

Победата на Алтернатива за Германија на изборите…

Зошто се менува светската карта по пет…

Картата на светот што генерации ја гледаат…

Конечно разладување: Денеска дожд, невреме и пад…

По периодот на високи температури, денеска конечно…