(Видео) Снема мед – Неофицијално: ОЈО ќе отвори постапка против екс-директорот на Водовод, Златко Перински!

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, ексклузивно објави дека според неофицијални избори ОЈО најверојатно ќе отвори постапка против екс-директорот на ЈП “Водовод и канализација”, Златко Перински.

– Има официјална информација дека Финансиската полиција влезе во Водовод и од таму биле побарани документи и материјали за работата на Перински. Според моите неофицијални информации Обвинителството ќе отвори и постапка за ова, вели Митовски.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“.

– Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стоеше во соопштението од кабинетот на Арсовска.

Две компании ги исполнуваа условите за учество на тендерот за изградба на пречистителна станица која треба да прочисти над 90 проценти од отпадните води во Скопје, проект од над 136 милиони евра финансиран од средства на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.

Со ваквиот проект, метрополата конечно требаше се тргне од листата на неколкуте европски градови кои не ги третрираат отпадните води. Градоначалничката Арсовска во своите интервјуа потенцираше дека најважното е што граѓаните ќе имаат поздрава еколошка средина, а во Вардар наместо загадени како сега, ќе се влеваат прочистени води.

Три компании истакнале интерес за учество на тендерот за изградба на прочистителната станица, една француска компанија која по објавата не доставува понуда, турско-американски конзорциум и германска компанија со австриски капитал, фирма ќерка на за Македонија добро познатото ЕВН. Се работи за компанија „WTE“ фирма дел од групацијата ЕВН.

Проблемите во тендереската постапка започнуваат откако Водовод и канализација, чиј директор е Златко Перински кој беше своевремено беше шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се одлучува низ тендерската постапка да ја дисквалификува турско-американскиот конзорциум, низ елиминација која не е третирана за неопходна ниту за ЕБОР, ниту пак Европската инвестициона банка а врзана за кредитен рејтинг за банката која ја издава банкараската гаранција за компаниите.

Она што е сомнително е што компанијата која Перински дефакто ја исклучува од надавањето нуди понуда која според неофицијални извори на Град Скопје ќе му заштеди неверојатни 20 милиони евра, за разлика од фирмата ќерка на ЕВН.

Крајно сомнително е што постојат и официјални дописи во кои се бара мислење од ЕБОР и Европската инвестициона банка за овој критериум на што тие немаат приговор, додека Перински ја игнорира целата процедура и работи тендерот да го добие фирмата ќерка на ЕВН.

Дополнителен сомнеж со фаворизирањето на компанијата ќерка на ЕВН предизвикуваат одличните бизнис-крими релации кои ги има актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ со австриското ЕВН, релации кои во јавноста експлодираа со случајот „Делчевски ниви“, случај во кои неколкумина најблиски соработници на Христијан Мицкоски завршија во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се проверуваат можни нерегуларности во Делчево, Македонска…

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ…

Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…

Лажно се претставувал како вработен во АНБ…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Предложен притвор за недозволено држење оружје и…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Србин избодел со нож едно лице на…

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против…