(Видео) Снимка која ќе ви ги стопли срцата: Кругот на животот
Видео од ООУ „Његош“ и детска градинка „25 Мај“ – објект Морковче привлече внимание поради својата едноставна, но силна порака.
Имено, учениците кои годинава ја слават полуматурата и го завршуваат основното образование, симболично се поздравија со идните првачиња кои допрва ќе седнат во училишните клупи.
Во видеото, кое училиштето и градинката го објави на социјалните мрежи, се гледа моментот на „смена на генерации“ – едни заминуваат кон средно образование, додека други го започнуваат својот прв училиштен ден.
„Кругот на животот“, напишаа кратко како опис на видеото.
А, детската градинка „25 Мај“ – објект Морковче порача: „Горди сме на секој ваш чекор. Среќно дечиња, и секогаш чувајте го детето во себе“!
Имено тие денес свечено го заокружија предучилишното воспитување со преубаво организирана приредба за родителите и роднините на дечињата од големата група во објектот „Морковче“.
Со многу емоции,насмевки и гордост се одржа завршната приредба на децата од големата група-објект „Морковче“. Им посакуваме многу среќа и безброј успеси во новите почетоци. Среќно,драги наши првачиња!- наведуваат во објавата.
Објавата предизвика позитивни реакции кај родителите и граѓаните, кои коментираат дека ваквите моменти потсетуваат дека училиштето не е само место за оценки, туку и простор каде растат генерации, спомени и пријателства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снимка која ќе ви ги стопли…
Видео од ООУ „Његош“ и детска градинка…
Златните резерви на Србија достигнаа рекорд: Во…
По силниот раст во изминатите месеци, цената…
Андоновски: Укинувањето на роамингот со ЕУ е…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска…
Тешка несреќа на автопатот Скопје-Велес, повредени три…
Малолетничка и две млади девојки на возраст…
Обвинет за Пулс фотографирал доказен материјал и…
Јавноста е повторно разбранувана по најновото Мислење…