Објавено на:

(Видео) Снимка од терористичкиот напад во Русија: Фрлиле експлозивна направа кон полицијата, има мртви

t

Во Карачаево-Черкезија, на Кавказ, синоќа била нападната полицијата, јавува на Телеграм Министерството за внатрешни работи на оваа руска република.

„Напаѓачите со автомобил ВАЗ-2109 дошле до привремената (полициска) станица, фрлиле експлозивна направа кон полицијата и отвориле оган од автоматско оружје“, се вели во соопштението.

На нападот и полицијата одговорила со огнено оружје и убила петмина напаѓачи. При судирот со напаѓачите животот го загубија двајца припадници на полицијата, а ранети се четворица претставници на органите на прогонот.

Во меѓувреме, Истражниот комитет на Русија во Карачаево-Черкесија покрена кривична постапка за напади врз соработници на безбедносните органи и нелегално поседување оружје и муниција. Исто така, овој комитет соопшти дека ликвидираните борци се препознаени како најверојатни учесници во нападот врз полицијата на 22 април годинава во истата република Карачаево-Черкесија.

По петмината осомничени е распишана потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…