ВИДЕО: Софија ја соблече штиклата среде прес и постави неочекувано прашање кое стана вирален хит

t

Исечок од прес-конференцијата на Движењето на српските студенти, одржана вчера, стана вистински хит на социјалните мрежи, а причината за тоа лежи во креативниот настап на Софија Костиќ, чија презентација стана вирална на Твитер, Фејсбук и Тик-Ток.

Во делот кога дојде ред да зборува на прес-конференцијата, Софија во воведниот дел од своето излагање главно зборуваше за нивниот план да им помогнат и на студентите и на земјоделците и занаетчиите.

И тогаш таа реши сликовито да ја објасни потребата да им помогне на малите занаетчии.

Тој дел стана вирален хит на социјалните мрежи, откако Софија ја соблече сандалата од стапалото, по што ја крена високо над главата и им се обрати на, како што рече, „драги жени, колешки и другарки“.

„Ако јас, доаѓајќи на оваа конференција, ја скршев оваа штикла, кажете каде би ја поправила? Немате одговор. Зошто? Затоа што нашите занаети изумираат, затоа што немаме чевлари, кројачи, крзнари повеќе“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Малолетник во Струга со мотоцикл прегази девојче…

МВР информира дека синоќа во 19.50 часот…

Претрес во Охрид, приведен е дилер

На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид,…

ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…

Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…