(Видео) Со вработување на своите ДПМНЕ ги брка најдобрите лекари – одбиен предлог законот на Левица

t

Со вНа собраниската седница, не беше изгласан предлог-законот на пратеничката група на Левица за дополнување на Законот за здравствената заштита, со кој се бараше задолжително вработување на прворанираниот кандидат на конкурсите во здравствените установи. Пратеникот Борислав Крмов во своето излагање укажа на правната недореченост во законот, која последните триесет години системски се злоупотребува.

„Прашањето е дали тоа можеби и не е правна недореченост или е намерно оставена таква за да биде злоупотребувана од сите политички гарнитури во последните триесет години“, рече Крмов.

Тој објасни дека постојниот закон го регулира процесот на конкурсно вработување, но на крајот му дава ексклузивно или дискреционо право на директорот сам да одлучи кого ќе прими.

„Имаме џабе конкурс, џабе услови, џабе бодување. Тој може да го стави вториот, третиот, четвртиот, петиот – кој да сака. Минимумот е тие да ги поминат базичните услови за да се најдат на листа“, предупреди Крмов.

Според него, ваквата состојба резултира со два сериозни ефекти: „Прво, го намалуваме квалитетот во здравствените установи. Наместо да нè лечат најдобрите специјалисти и доктори, ние имаме кадар со помали познавања. Второ, најспособните здравствени работници кои ги имаме во државата, практично ги бркаме.“

Сепак, пратениците од владејачкото мнозинство, предводено од ДПМНЕ, не го поддржаа предлог-законот на Левица и Законот не помина.работување на своите ДПМНЕ ги брка најдобрите лекари – одбиен предлог законот на Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…