(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри
Доцна попладнево, кај Крушево се одвиваше драматична спасувачка акција, откако странски државјанин што летал со параглајдер завршил закачен на дрво високо над 30 метри. Несреќата се случила по удар во дрвото, при што параглајдеристот се здобил со повреди и останал да виси на голема висина, немоќен сам да се ослободи.
По добиената дојава од полициската станица во Крушево, беше алармиран специјализираниот тим за спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи локалните служби не успеале да интервенираат поради комплексноста на теренот и висината.
И покрај силниот ветер и тешките услови за работа во текот на ноќта, спасувачкиот тим успеа безбедно да го симне повредениот параглајдерист. Според првичните информации, тој нема сериозни повреди и е пренесен на лекарски преглед.
Оваа акција е уште еден доказ за професионалноста и подготвеноста на македонските спасувачки тимови за дејствување во екстремни услови и навремено реагирање кога е загрозен човечки живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откриено спомен обележје во чест на Џоко…
Вечерва во Струмица беше откриено спомен обележје…
Рама и Пленковиќ ја прозваа Србија поради…
Премиерот на Албанија, Еди Рама остро реагирше…
Во Скопје мириса на запалено поради облакот…
Ветрот над Скопска Црна Гора кој дува…
(Видео) Путин до американските пратеници: Пред да…
Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин…
Ставен под контрола пожарот кај велешкото село…
Велешките пожарникари вечерва го ставија под контрола…