(Видео) Спасовски: Врвен приоритет на МВР е спречување на нелегална сеча на шуми
Во телевизиски прилог на МТВ на тема спречување на нелегална сеча на дрва и пустошење на шуми со помош на хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици при МВР, министерот Спасовски информираше дека покрај превентивни мерки, сериозно се работи и на репресивни мерки на откривање нелегална сеча на шуми.
-Сега започнавме и со надзор практично на шумските предели со Одделот за воздухопловни единици. Заедно со специјалните полициски единици тие се движат на потенцијални места каде имаме дојави дека има опустошување шума и директно ги затекнуваме и фаќаме на лице место. Имавме неколку акции во Скопје, Струга… Тоа е еден модус операнди на којшто работат полициските службеници, да можеме на моменти каде што тие се наоѓаат, на местата каде вршат нелегална сеча – на лице место се затекнуваат и тука практично ги обезбедуваме сите докази за ова кривично дело. Ова е врвен приоритет на МВР. Секако дека ваквите летови се добри и за набљудување на државната граница, за процесот на миграција, работењето на граничните служби – сето тоа е во функција на подобрување на безбедносната состојба, истакна министерот Спасовски.
Според статистиката на МВР, од 2017 година до првото полугодие од 2023 година во рамките на оперативните активности, поднесени се 919 кривични пријави за вкупно 1.150 кривични дела поврзани со бесправна сеча на шуми, пријавени 1.439 сторители, запленети 97.000 м3 дрва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…
Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…
Фон дер Лајен најави помош од речиси…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Малолетник се здобил со тешки повреди откако…
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…