(Видео) Специјални единици на Македонија влегоа во Никуштак!
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во заедничка и координирана акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово вчера ги лишија од слобода Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од с.Никуштак, општина Липково.
При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки, објави МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италијанци издоминираа на Охридскиот маратон, тинејџерот Цеков…
Најновото 39-то издание ба Охридскиот пливачки маратон…
Метеорит од Марс откри траги од древна…
Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…
Тошковски: 25 години ЕБР – четврт век…
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во…
(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор…
Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…
Украинската влада подготвува нова програма за отворање…