(Видео) „Спречив обид за нелегално истурање градежен шут“, се пофали градоначалникот на Аеродром

t

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информира дека денеска бил спречен обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Долно Лисиче.

Според него, инцидентот се случил во време кога граѓани, институции и волонтери се вклучени во акцијата „Генералка викенд“ за почиста животна средина.

„Додека граѓаните, институциите и волонтерите се обединуваат во рамки на ‘Генералка викенд’ за почиста околина, денес спречив обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Долно Лисиче“, објави Митески.

Тој оцени дека ваквото однесување е неодговорно и несовесно и треба јавно да се осуди.

„Ваквото неодговорно и несовесно однесување мора јавно да се осуди, особено во денови кога сите заедно се бориме за почиста и поздрава животна средина“, додава градоначалникот.

Случајот, како што посочи, веднаш бил пријавен во полиција и до комуналните служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Спречив обид за нелегално истурање градежен…

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информира…

Драма на аеродром во Шри Ланка: Уапсени…

Дваесет и двајца будистички монаси беа уапсени…

Обновени меѓународните летови од Техеран по два…

Меѓународните летови од аеродромот „Имам Хомеини“ во…

Мајка нападнала учителка на родителска во Аеродром

Мајка на ученик физички нападнала учителка на…

СДСМ: Општина Аеродром незаконски ги скрати за…

Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на…