(Видео) Срамен бојкот на наставата во Гостивар: Не одат на училиште поради ученичка со Даунов синдром

t

Родителите на децата од гостиварското основно училиште Башкими, ја бојкотораат наставата. Но нивниот проблем не е наставник, туку 11-годишната Ембла Адеми дете со посебни потреби, односно Даунов синдром.

Родителите не сакаат нивните деца да одат во исто одделение со Ембла затоа што велат дека е агресивна и ја попречува наставата. Директорот на училиштето вели дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес.

Таткото на Ембла, кој за случајот објави на социјалните мрежи, негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. Тој вели дека тоа бил компромис пред три-четири години, за потоа да се интегрира со другите соученици.

Таткото вели дека девојчето учело само во голема сала и се греела со мал радијатор. Одбиле да ги прифатат тие услови, по што им се јавил директорот и им рекол да ја донесат за да учи со другите деца.

Ембла ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна. – Видеото може да го погледнете тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во Гостивар: Го удрил со кола,…

МВР соопшти дека вчера (9.12.2023) во 13…

(Видео) МВР: Пресечен меѓународен канал за шверц,…

На влезот во Гостивар, во заедничка акција…

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Карта на “голема Албанија” во основно училиште…

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…