(Видео) Србите во транс: Дончиќ уловен како ја пее „Видовдан“ со кренати три прста

t

Селекцијата на Словенија не успеа да се вмеша во борбата за медали на неодамнешното СП 2023, откако загуби во четвртфиналната пресметка против Канада и на крајот го освои седмото место, но тоа не го спречи Лука Дончиќ одморот до стартот на НБА да го искористи забавувајќи се и тоа на начин кој предизвика еуфорија во – Србија.

Ѕвездата на Далас маверикс деновиве беше „уловен“ како се весели во кафеана, со една од најсрпски песни „Видовдан“ и со три кренати прста поздравувајќи го камерманот. Ова и тоа како беше добро прифатено меѓу неговите српски обожуватели, како потврда на тезата дека тој всушност е Србин, што е и точно според неговиот татко, додека неговата мајка е Словенка.

Видеото преку ноќ стана вирално, а коментарите се различно, односно има поддршка, но и критики за неговото однесување, особено од земјата чиј дрес го носи.

https://twitter.com/aleksandarkv/status/1702297731857776828?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1702297731857776828%7Ctwgr%5Ed935e78259a09bf33891f7714d3aa519c2f6e45c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fregion%2Fsrbite-vo-trans-donchikj-uloven-kako-ja-pee-vidovdan-so-krenati-tri-prsta-video

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест активни пожари низ Македонија

На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…

Лефков: Грижата на талогот од СДС и…

Венко Филипче како прв човек на СДС,…

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…