(Видео) Србите вријат: Припадници на “Роса” доцна синоќа тешко раниле Србин!
Доцна синоќа во близина на мостот Бистрица бил ранет Србин од Звечани, пренесуваат српските медиуми.
Како што неофицијално дознава Косово онлајн, додека возел автомобил на главниот пат од Лепосавиќ кон Звечан, бил застрелан од припадници од специјалната единица на косовската полиција – Росу.
Според дежурниот хирург во КБЦ „Косовска Митровица“, д-р Никола Радојичиќ, опериран е М.Ј и се наоѓа во шок соба.
Нешто после 22:00 часот на нашето одделение е примен пациент со прострелна рана во десната страна на градниот кош, донесен е во состојба на хеморагичен шок, итно е примен и опериран. Крварењето било запрено и моментално е надвор од животна опасност и сместен е на одделението за интензивна нега на понатамошен мониторинг – изјави Радојичиќ за „Косово онлајн“.
Според Здравствениот дом Звечан, каде што М.Ј. бил примен и од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Северна Митровица, ранетиот рекол дека бил застрелан од припадници на единицата Росу кај мостот Бистрица додека возел автомобил, на главниот пат од Лепосавиќ за Звечан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија го раскинува договорот со зетот на…
Српската влада донела одлука за раскинување на…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
Вучиќ: Никогаш нема да ја напуштам Србија,…
Александар Вучиќ денеска изјави дека никогаш нема…