(Видео) Срби предизвикаа хаос во Тунис: Пцуеја и гаѓаа хотелиери затоа што не биле задоволни од условите

t

Српски туристи направиле хаос во Тунис и за малку ќе се степале со хотелиерите. 

Однесувањето на некои српски туристи кои се наоѓаат во хотел во Тунис ги згрозило корисниците на социјалните мрежи. Како што се наведува на социјалните мрежи, група туристи биле незадоволни затоа што наводно агенцијата го пребукирала хотелот каде се сместени, како и дека спијат во соби со мувлосани ѕидови и без клима на 46 степени. Се појавила и видеоснимка од незадоволни туристи, кои го обиколиле пултот на рецепција и се расправале со работниците во хотелот, а нивното однесување не било воопшто пријатно. 

Тие им викале на работниците на рецепција, а една жена дури и ги нападнала. Таа пцуела додека со постелнина ги гаѓала работниците на рецепција. После тоа маж од Србија удрил со раката во пултот и ги пцуел работниците во хотелот. На снимката може да се види и жена која во еден момент фрла документи. Многу српски туристи летото го поминуваат во Тунис. 

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ги заостри условите: Вратен предлогот за…

Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите…

Кривична пријава за екс градоначалникот на Дојран…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

ДУИ цитира српска министерка: За Српскиот свет…

Демократската унија за интеграција најостро го осудува…

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија?!

Телата на еден Македонец и двајца Срби…