(Видео) Српски музичар учествувал во сообраќајката кај Табановце, пред несреќата се снимал
Музичарот Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајната несреќа што се случила вчера вечер пред Табановце, во која загина 49- годишна кумановка.
Несреќата се случила вчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили.
Во тоа време Ѓорѓе Давид се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски, а непосредно пред несреќата се пожалил на лошото време, како и на тоа што не сака зима и снег.
– Ја завршивме последната средба што ја имавме вчера и денеска, заминуваме за Србија, застануваме малку во Ниш. Единствено ненормално ми е што овде во Гевгелија почна да врне снег. Кога има снег во Гевгелија, мора да станува сѐ полошо и постудено што повеќе се оди на север. Ја мразам зимата до коска – им се пожалил музичарот од автомобилот на своите сопатници, а погледнете го видеото, што го објави Телеграф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах вели дека ќе продолжи со отпорот…
„Хезболах“ денеска соопшти дека ќе продолжи со…
Пожарот во Церово под будно следење –…
Директорот на ЦУК, Мухамед Али моментално се…
Авион кој се изгуби од радарот се…
Голема потрага вечерва е во тек по…
Иран со закана по најавите на САД…
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент,…
Хорор во Германија: Маж и жена избодени…
Брачна двојка е убиена во германската покраина…