(Видео) Српски циркузи: Судијата кој гледаше ВАР на телефон доби доживотна суспензија!

t

Српскиот фудбал од поодамна е контроверзен особено со постојаните сомнителни мечеви во ниските лиги, судии кои директно се инволвирани во обложувачките мафијашки кругови, ама врв на сѐ е одлуката да се суспендира арбитар за – чесна одлука.

Ако се сеќавате неодамна се појави видео „ВАР за сиромашни“ од ниските лиги кај северниот сосед, судијата Стефан Лазовиќ искористи мобилен телефон како „ВАР-помош“ за да донесе исправна одлука дали голот е регуларен или не. И за чесниот пристап, на крај добил – доживотна суспензија.

Како што објавија српски медиуми, него го избришале од судиската листа, колку само да се покаже дека на Балканов нема место за чесни луѓе во фудбалот, туку исклучиво за мешетари, а при еден куп сомнителни мечеви, очајни судиски одлуки, никој не е казнет барем на еден месец, за доживотна суспензија нема ни збор.

Инаку Лазовиќ е дипломиран правник и приправник во основното обвинителство во Краљево.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…

Едно лице загина од шрапнели од дрон…

Еден човек загина, а двајца се повредени…

„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…