Објавено на:

(Видео) Стивен Спилберг верува дека вонземјаните се веќе меѓу нас: „Вистината е веќе тука“

t

Еден од најуспешните холивудски режисери, Стивен Спилберг, предизвика големо внимание со изјавите дека верува оти постои интелигентен живот надвор од Земјата, па дури и дека напредни цивилизации можеби веќе ја посетиле нашата планета.

Во гостување во поткастот „Според моето мислење“ (IMO) со Мишел Обама, режисерот зборувал за својот нов научнофантастичен трилер „Ден на откривањето“ (Disclosure Day), кој ја истражува можноста вонземјани веќе да се наоѓаат меѓу луѓето.

Спилберг, кој стои зад култните филмови „Ајкула“ (Jaws), „Шиндлеровата листа“ (Schindler’s List), „Е.Т. – вонземјанецот“ (E.T. the Extra-Terrestrial) и „Блиски средби од трет вид“ (Close Encounters of the Third Kind), во најновата најава за филмот признава дека денес многу повеќе верува во постоењето на вонземски живот отколку кога го снимал својот научнофантастичен класик од 1977 година.

„Сега сум многу повеќе склон да верувам дека не сме единствената интелигентна цивилизација во вселената отколку што бев кога го снимав ‘Блиски средби од трет вид‘“, вели режисерот.

Во филмот главните улоги ги толкуваат Емили Блант и Џош О’Конор, а дел од актерската екипа се и Колин Ферт, Колман Доминго и други познати имиња.

Спилберг објаснил дека филмот не се занимава само со прашањето дали постои живот надвор од Земјата, туку и дали напредни цивилизации веќе пристигнале овде.

„Големото прашање е: дали некогаш дошле овде? Или уште поважно – дали се тука токму сега? Тоа е прашањето на кое мојот филм се обидува да одговори“, рекол режисерот.

Тој додал дека неговиот интерес за темата повторно се разгорел по бројните извештаи на американски воени пилоти за неидентификувани летечки објекти, како и по снимките направени со инфрацрвени системи.

„Барак беше во право кога рече дека верува оти постои живот таму некаде. Мислам дека математички и научно е невозможно да нема живот во вселената“, изјавил Спилберг.

На крајот, режисерот испратил порака: „Вистината е таму некаде. А мислам дека вистината сега е веќе тука.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Стивен Спилберг верува дека вонземјаните се…

Еден од најуспешните холивудски режисери, Стивен Спилберг, предизвика…

Екипажот на „Артемис II“ испрати нови фотографии…

Четирите астронаути на мисијата „Артемис 2“ на…

(Видео) Магнетна бура ја погоди Земјата, предизвикувајќи…

Синоќа, Земјата беше погодена од втората магнетна…

Земјата денеска во 14.28 часот ќе биде…

Денеска во 14 часот и 28 минути,…

Земјата се разделува од „мини месечината“

Планетата Земја се разделува со астероидот кој…