(Видео) „Стоп за Усје“ највува граѓанска блокада утре!

t

Пред утрешната блокада најавена од граѓанската иницијатива „Стоп за Ујсе“, денеска иницијативата имаше прес – конференција на која ги искажа своите ставови и барања.

„Ја свикавме оваа прес-конференција за да го најавиме вториот протест на иницијативата „Стоп за Усје“, кој ќе се одржи утре во 18 часот, на истото место на кое протестиравме и на 25 декември – на раскрсницата на Булевар „Борис Трајковски“ и Булевар „Србија“, на правецот кон Усје, односно во непосредна близина до кружниот тек пред влезот на фабриката. Причините се јасни и видливи – загадувањето од фабриката зад нас, а кое го чувствуваме сите. Уште еднаш сакаме да додадеме дека оваа блокада произлегува од јасното барање на граѓаните за поздрава животна средина и повикуваме на масовност, затоа што молчењето не труе подолго од секој чад.

Истовремено, наведуваме дека како и секогаш при закажување на протест и при одржување на протест, Усје испраќа соопштенија во кои вели дека не е загадувач и прстот го вперува кон нас, граѓаните. Нашиот одговор е: знаеме дека повторно ќе го сторите тоа, па јавно прашуваме, кој е тој што сам си го мери загадувањето и за себе ќе рече „јас сум загадувач“? А кој загадува, знаеме и чувствуваме сите. Ние не веруваме во вашите мерења. Затоа е потребно итно исполнување на нашите барања!“, велат од „Стоп за Усје“

„Она што исто така можеме да го кажеме е дека со заеднички сили, цело време вршиме мониторинг над Усје и загадувањето кое го предизвикува цементарата. Важно е да се знае дека мерењата на квалитетот на амбиенталниот воздух со кои институциите располагаат за Усје ги добиваат од самата фабрика на месечно ниво, наместо тоа да го прави државата.

Профитот на Титан е најголем тука, во Македонија. Според годишните извештаи на групацијата Титан, Усје има профит од 30,3 проценти, а просечниот профит на самата групација е 11,9%. Очигледно, 30 проценти профит е поважен од нашето здравје. А зошто профитот е најголем токму тука? За тоа има два фактори: слабата институционална контрола и фактот дека законите не се усогласени со регулативите на еу, особено во делот на одговорност за еколошка штета и борба против еколошки криминал.“, додаваат од таму.

Тие уште еднаш ги истакнаа нивните барања и повикаа на мирен протест утре.

  • Мерната станица кај Усје, поставена од Општина Кисела Вода во 2023 г., да започне со континуирано 24/7 мерење и јавно прикажување на податоците во реално време. Истата да биде интегрирана со сите јавни апликации за квалитет на воздухот (пр. AirCare), наместо досегашното парцијално објавување резултати преку ПДФ документи на веб-страницата на општината. Дополнително, да се постават повеќе мерни станици во поширокиот простор околу Усје, со цел јавноста транспарентно и во реално време да го следи нивото на загадување.
  • Усје да инсталира автоматски CEMS (Continuous Emissions Monitoring System), директно поврзан со МЖСПП, кој ќе обезбедува континуирано следење и автоматски аларм ако мерната станица поставена во ОЏАЦИТЕ НА УСЈЕ покаже загадување над дозволеното. При секое прекршување, веднаш да се изрекува казна по принципот „safe city“, како и времена забрана за работа. Податоците од CEMS мерењата да бидат јавно и транспарентно достапни 24/7 за сите граѓани.

  • Да се ревидираат постојните мерки за прогласување вонредна еко-состојба, така што при температурна инверзија и надминување на граничните вредности на загадување, автоматски да стапува на сила мерка за целосен стоп на работата на Усје, вклучително и рудниците. Истата мерка да важи за сите иматели на интегрирана А-дозвола.
  • Важечките гранични вредности за ПМ10, ПМ2.5, NO₂ и други загадувачи да се усогласат со препораките на СЗО (Светска здравствена организација), односно да се намалат и заострат во однос на сегашните стандарди.
  • 
Целосно елиминирање на употребата на високо-загадувачки горива во производниот процес на Усје и премин кон почисти енергенси, како природен гас или водород.

  • Акредитација на државната лабораторија за мерење на аерозагадувањето.

  • Запирање на активностите на рудникот за лапорец.
Најстрого и целосно почитување на сите мерки предвидени во интегрираната А-дозвола за спречување на фугитивната прашина.
  • Поништување на одредбата за „деловна тајна“ од Законот за контрола на индустриски емисии, со цел целосна транспарентност кон јавноста.

Ве очекуваме сите на утрешниот протест, заедно да кажеме „Стоп за Усје“ и стоп за загадувањето од оваа фабрика која не гуши со години!, повикуваат од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“.

Блокадата е закажана за утре 21.01, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје ( правец кон Усје).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Стоп за Усје“ највува граѓанска блокада…

Пред утрешната блокада најавена од граѓанската иницијатива…

ГП Евзони ќе биде блокиран денеска од…

Почнувајќи од 17 часот денеска, грчките земјоделци…

Од Влада велат дека Усје не загадува

На денешната заедничка прес - конфернција во…

Ѓорѓиевски: Не само „Усје“, има и други…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, даде целосна…

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ

Советот на Град Скопје, по предлог на…