Ѓорѓиевски: Не само „Усје“, има и други кои треба да се дислоцираат од Скопје
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, даде целосна поддршка на заклучоците на Советот за справување со аерозагадувањето и најави итна средба со премиерот и заменик-министерката за животна средина.
Ѓорѓиевски смета дека Цементарница Усје не е единствен проблем, туку дека сите индустриски погони како тие во Железара, фабриките за кабли и одредени отпади мора постепено да се изместат од централното градско подрачје.
Инспекциите веќе изрекле казни од по 53.000 евра за индустриски капацитети со Б-дозвола кои не ги почитувале еколошките стандарди. Тој тврди дека контролите на терен се постојани и одговорни.
Се планира итно проширување на топловодната мрежа за да се опфатат сите згради и куќи во центарот кои се уште не се приклучени, а интензивно се работи и на гасификацијата.
Усвоена е мерка за субвенционирање филтри за оџаци за домаќинствата како директен начин за намалување на емисиите од греењето.
Повеќе од 30 години само се констатира проблемот, но ништо не е помрднато од мртва точка. Време е конечно да изградиме систем кој ќе ги промени работите, порача Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавена осумчасовната програма за „Блокадафест“ пред „Усје“
Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната…
Избувна пожар кај Усје!
Денеска избувна пожар во близина на Цементарница…
„Стоп за Усје“: Општина Кисела Вода лаже,…
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела…
Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…
Олигархијата е солидарна кога станува збор за…
(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…
ПР тимот на Титан Усје им посака…