Од Влада велат дека Усје не загадува

t

На денешната заедничка прес – конфернција во Влада, на потпаролот на Влада Марија Митева, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на управата за животна средина, Игор Никовски зборуваа за заштита на животната средина, квалитетот на воздухот, спроведени инспекциски надзори и конкрети резултати и наоди од инсепкциите во текот на изминатат година.

„Во тековнта 2025 се реализирани 1700 инсепкциски 839 редовни 532 вондредни и 329 контролни инспекциски надзори, утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка, покренати се над 30 прекршочни и 4 кривични постапки.“ – рече Гиновска.

„Државниот инспекторат за животна средина работи согласно одобрен план од Министерот за животна средина и просторно планирање. Државниот инспекторат согласно акцискиот план за краткорочни мерки на владата за чист воздух е задолжен од ноември 2025 до март 2026 да спореведува инспекциски надзори кај субијкети кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи. Од први ноември се спореведнеи над 55 изадени 20 решенија и 3 забрани за работа.“

Дирекотрката изјави дека според закон за инспекциски надзор кај еден искт субјект од исти иснпекциски надзор се врши не повеќе од еднаш во годината

„Ве известувам дека за „Титан Цементарница Усје“ се извршени 6 надзори над овој правен субјект 2 редовни и 4 вондередни. Последните вондредни 18.11 во 22 часот со инспектор за животна средина од Град Скопје и 18.12 со инспектор за животна средина од Кисела Вода при што кај сите надзори не се утврдени неправилности кај овој субјект.

Реализирани се и ненајавени вондредни инспекции со инспектори од внатрешноста и пишувачите на дозволта од управата за животна средина, реализирани се и ненајавени мерења на емсии во воздухот со лабораторијата за животна средина при Минисетрство за животна средина и просторно планирање.

Секој месец Цемнтарница Усје доставува месечен извештај за емисии во воздухот од сите емисиони точки и двапати годишно доставува мерења од акредитирани независна лабораторија, бидејќи така се задолжени со дозволата што ја имаат“ – објави директорката на Државнот инспекторат за животна средина

„Надзорите продолжуваат континуирано и на секои 15 дена државниот Инспектотрат за животна средина испраќа извештај до работната група која е формирана од мин за живот. 120 правни субјекти имаат А-интегрирани а на теротрија на Град Скопје околу 40“ – додаде дирекотрката

Таа нагласи дека инспекциската служба не е прсвосилен орган или полиција и не издава и одзема прани акти и дозволи. Не врши вештчење, процена на штети, мерење на бучва, вода или воздух. Инспекцијата има пред се да превенира и репресивна улога при инспекцискиот надзор над спроведувањето на законските одредби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавена осумчасовната програма за „Блокадафест“ пред „Усје“

Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната…

Избувна пожар кај Усје!

Денеска избувна пожар во близина на Цементарница…

„Стоп за Усје“: Општина Кисела Вода лаже,…

Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела…

Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…

Олигархијата е солидарна кога станува збор за…

(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…

ПР тимот на Титан Усје им посака…