(Видео) Стотина мажи во Атина на протест бараа ослободување на Ендру Тејт

t

Околу стотина млади мажи се собраа во центарот на Атина во неделата за да ја изразат својата поддршка за контроверзната личност на социјалните мрежи, Ендру Тејт, кој е уапсен во Романија под обвинение за трговија со луѓе и силување, јави грчкиот весник „Катимерини“.

Демонстрантите се собраа на плоштадот Синтагма пред Парламентот и маршираа по централната улица Ерму извикувајќи „Фри Топ Џи“, еден од прекарите што ги користи инфлуенсерот Ендрју Тејт.

Тејт (36) е британско-американски државјанин со 4,5 милиони следбеници на Твитер, кој претходно беше забранет од различни истакнати платформи на социјалните медиуми поради изразување контроверзни ставови – вклучително и дека жртвите на силување треба да „сносат одговорност“ за нападнати – и говор на омраза.

Поранешниот кикбоксер беше уапсен на 29 декември во Букурешт заедно со неговиот брат Тристан и две Романки под обвинение дека биле дел од организирана криминална група, трговија со луѓе и силување.

Ројтерс објави дека романските власти велат дека заплениле стока и пари во вредност од 18 милиони леи (3,95 милиони долари) како дел од кривичната истрага за активностите на Тејт.

Неделниот марш предизвика бурни реакции на грчките социјални медиуми, со повици до родителите и воспитувачите да се осврнат на она што можеби е растечки тренд кај младите во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…

Трамп: Доцна е за разговори, никој не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никој…

„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…

Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…

Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…

Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…

Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…

Анализата на податоците за следење на летот…