Објавено на:

(Видео) Стотици туристи во опасност, започната е масовна евакуација, има и жртви: Грчкиот остров Саламина во пламен, глетките се застрашувачки

t

Две лица загинаа во пожар што избувна на грчкиот остров Саламана, на околу 16 километри од Атина, пред пожарникарите да пристигнат на местото на настанот, а најмалку девет лица се повредени, соопшти противпожарната служба.

– Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија, на југот од островот – потврди член на спасувачките служби за агенцијата АФП.

Пожарот во Перистерија избувна во мешана станбена и шумска област, а телата на две лица беа пронајдени од пожарникарите додека го гаснеа пожарот.

– Наредена е евакуација. Стотици туристи и жители се погодени од огнената стихија- изјави претходно портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос за државната телевизија ЕРТ.

Двата пожари беа забележани речиси истовремено во две популарни туристички области на југот и истокот од островот, прецизираше Артопиос.

Двесте и шеесет пожарникари со 15 шумски командоси и 58 возила се ангажирани во гаснењето на пожарот во Саламина, а десет авиони и осум хеликоптери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух, од кои една е за нивна координација.

Службата 112 издаде шест пораки за информации и евакуација на оние кои се наоѓале во поширокото подрачје на населбите Перистерија, Ајас Клуб, Колонес, ППЦ Халиоти, Перани и Каки Вигла.

Бродовите „Музакитис“ и „Каравасилис“, глисерот „Рафнар“ на противпожарната служба и четири брода на крајбрежната стража се на плажата кај Сатерли, а евакуацијата на капачите е во тек, соопшти грчката крајбрежна стража.

Според последните информации, од таа плажа се евакуирани околу 240 лица, пренесува „Танјуг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министрите за енергетика на ЕУ на состанок…

Министрите за енергетика на земјите членки на…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

АХВ ги пушти во продажба пиперките и…

Пиперките и трпезното грозје, вратени од Бугарија…

Исламска револуционерна гарда: Американски подводен дрон запленет…

Иранската Исламска револуционерна гарда денес објави дека…