(Видео) СТРАШЕН ВЕРИЖЕН СУДИР КАЈ БУДИМПЕШТА: Повредени се 36 лица, а изгореа дури 19 возила!
Засега нема официјални информации за причини за несреќата, но според првите информации во моментот на судирот имало песочна бура на автопатот, која може значително да ја намали видливоста.
Повеќе од 40 камиони и автомобили денеска се судрија на километар 26 од автопатот М1 на излезот од Будимпешта, најверојатно поради песочна бура. Веднаш по судирот избувнал пожар.
Според првичните податоци, во несреќата изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои едно се здобило со повреди опасни по живот,13 лица се здобиле со тешки телесни повреди. Автопатот е затворен во двата правци.
Засега нема официјални информации за причини за несреќата, но според првите информации во моментот на судирот имало песочна бура на автопатот, која може значително да ја намали видливоста.
На местото на настанот се испратени бројни сили на пожарникари, полиција и брза помош.
Од полицијата информираа дека несреќата се случила околу 14.25 часот, а во неа учествувале 5 камиони и 37 автомобили, пишува News.ro.
„Според првите информации моментално се лекуваат 25-30 повредени, но тоа не се конечни бројки, неколку возила се запалиле. Во моментов истрагата за повредените е во тек, досега првата повратна информација беше дека околу половина од повредените се посериозни, а другата половина помалку повредени, по интервенцијата на лице место ќе можам да објавам точно колку има и со какви повреди се здобиле. Поради големиот број повредени ќе ги транспортираме во неколку болници за со помош на спасувачки хеликоптери многу брзо да ги сместиме потешко повредените во подалечни болници. Планирањето за ова се одвива заедно со третман на лице место – изјави портпаролот на Националната служба за брза помош Пал Џерфи за Хирадо.
https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=138426778890872
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…