(Видео) Страшно ова е моментот на несреќата: Високонапонска струја одекна со страшен звук, а потоа пламна се наоколу
Попладнево Скопје и половина домаќинста во Македонија останаа без електрична енергија, а како што дознава Инфомакс причината за несреќата се проблеми во високонапонската мрежа на МЕПСО.
Пожарот во Пинија која во моментов голем број на пожарникари го гаснат како што дознаваме е резултат на проблеми со инсталацијата на трафостаницата која се наоѓа во непосредна близина, но причината за проблемите со трафостаницата е квар на друга локација за која претходно пишувавме во скопски Бунарџик.
Како што дознаваме проблемите со снабдувањето со електрична енергија во Македонија започнале поради проблем со далековод во индустриската зона Бунарџик кој потоа го предизвикал спојот во трафостаницата во Пинтија, но и големиот пожар.
Поради безбедносни мерки и гаснење на пожарот како што дознаваме снабдувањето со електричната енергија во Скопје и пошироко морала да биде запрена.
Министерството за внатрешни работи информира дека експлозија на високонапонска мрежа на МЕПСО е причината што голем дел од Скопје попладнево остана без струја.
„Поради експолозија на високонапонска мрежа на МЕПСО, дел од Скопје е со прекин во електрична енергија, но се вклучува дел по дел“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…
Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…
На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…