Објавено на:

(Видео) СТРАШНО: Се преврте брод во пристаниште во Шкотска

t

Триесет и три лица се повредени при делумно превртување на американски брод во пристаништето Единбург, главниот град на Шкотска.

Инцидентот се случил кога истражувачкиот брод „Петрел“ испаднал од лежајот на пристаништето кај бродоградилиштето Единбург.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека бродот тежок 3.000 тони, кој е во сопственост на американската морнарица, е наведнат под агол од 45 степени.

На местото на несреќата укажана е помош за 12 лица, додека 21 се пренесени во болница, соопшти шкотската служба за брза помош.

Полицијата на Шкотска ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа за да им дозволат на службите за итни случаи непречено да пристигнат на местото на настанот.

Портпаролот на пристаништето „Форт Порт“ во Единбург соопшти дека инцидентот се случил во зградата на закупецот – компанијата „Дејлс Марин Сервисс“.

Компанијата, која управува со пристаништето, соопшти дека е во контакт со службите за итни случаи и дека не може да коментира дополнително за инцидентот. „Наш приоритет е да обезбедиме поддршка за погодените“, рече портпаролот на компанијата.

Градскиот советник на Единбург Адам Мекви на социјалните мрежи напиша дека силните ветрови биле причина за несреќата.

Бродот „Петрел“ долг 76 метри е во сопственост на американската морнарица од октомври 2022 година, а претходно беше во сопственост на ко-основачот и филантроп на Мајкрософт Пол Ален.

Поставен е на долгорочно прицврстување во Единбург во 2020 година поради „оперативни предизвици“ за време на пандемијата на коронавирус и оттогаш не се користи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Арапското Море киднапиран уште еден товарен…

Инцидентот бил пријавен во четвртокот во близина…

Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел

Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…

Шкотскиот премиер: Сведоци сме на хуманитарна катастрофа…

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф денеска изјави дека…

Крстаречки брод со 206 патници заринка кај…

Крстаречки брод со 206 патници и членови…

Поранешната шкотска премиерка уапсена под сомнеж дека…

Поранешната шкотска премиерка, Никола Старџен, денеска беше…