(Видео) Студентите кои пешачат од цела Србија се приближуваат до Белград
Студентите кои тргнаа пешки од повеќе градови во Србија да протестираат во Белград на 15 март се блиску до својата цел. Вечерва ќе им биде приреден дочек во центарот на градот. Истовремено, како што јавуваат новинарите од N1, околу Паркот Пионир се паркирани трактори, каде што „кампуваат“ таканаречените „Студенти кои сакааат да учат“.
Локацијата на вечерашниот дочек ќе биде Теразије со почеток во 19 часот. Првиот пречек на велосипедистите е планиран за во 19 часот и 30 минути, пречекот на последната група пешаците е планиран во периодот од 21:45 до 22:45 часот.
Учениците од сите делови на Србија – вклучувајќи ги Крагуевац, Ниш, Трстеник, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Љиг – доаѓаат во Белград пеш или со велосипед. Ректорот на белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ истакна дека насилството на протестот во Белград не го најавија студентите во блокадата и додаде дека имаат поддршка од академската заедница.
Во соопштението, студентите во блокадата се оградија од сите поединци, групи и организации кои сакаат да го искористат нивниот протест за политички цели, реагирајќи на снимката од средбата на организацијата „Став“ и поединечни членови на партијата ПСЖ што беше емитувана на неколку национални телевизии во четвртокот вечерта.
Во меѓувреме, студените од Универзитетот од Ниш соопштија дека превозникот кој требало да ги вози до Белград им откажал, па повикаа на помош од граѓаните кои ќе одт за главниот град на големиот утрешен протест.
Studenti stigli u Obrenovac!❤️🇷🇸 pic.twitter.com/GfdsDuraLx
— Kreni-Promeni (@KPromeni) March 13, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…