Објавено на:

(Видео) Супер акција: Апсење на еден од најбараните бегалци на ФБИ!

t

Шпанската полиција уапси еден од 10-те најбарани бегалци на ФБИ, кој со лажен идентитет престојувал во хотел во Мадрид.

Мајкл Џејмс Прат, државјанин на Нов Зеланд, беше осуден на доживотен затвор во САД за сексуална експлоатација и сексуален напад и за правење слики на деца кои се сексуално злоупотребени.

Полицијата тврди дека Прат бил вклучен во аудиовизуелно производство на снимки, регрутирање малолетни девојчиња и млади жени преку измама помеѓу 2012 и 2019 година. Тие сметаат дека од овие активности заработил повеќе од 17 милиони долари. Шпанските власти истакнаа дека само 57 криминалци на листата на најбарани на ФБИ биле уапсени надвор од јурисдикцијата на бирото, додавајќи дека ова е првпат да се случи во Шпанија.

Осомничениот маж објавувал огласи на интернет во САД и Канада, нудејќи работа „модел“, но всушност се работело за снимање порнографски содржини. Им плаќал на други жени да делуваат како „мамка“ и да ги убедат жртвите дека снимениот материјал нема да биде објавен на Интернет, пренесува Гардијан.

Жртвите понекогаш биле држени против нивна волја и присилувани да вршат сексуални дејствија на кои тие претходно изречно одбиле согласност. Прат беше во бегство од ноември 2019 година кога беше издадена федерална потерница по него во Окружниот суд во Калифорнија.

Во септември ФБИ го стави на листата на најбарани бегалци и понуди награда до 100.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење, пишува CBS.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана за пиење на водата од пет…

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…

МЗ: Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за…

Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле за…

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…

Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и…

Дмитро Хориха и официјално доби право да…

Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…

Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…