(Видео) СХС и Бугарија делувале против ВМРО – 12.000 српски војници ја чувале границата со Бугарија!

t

Тоа убиство на Рајко Даскалов, своевремено министер во владата на Стамболиски кој бил осуден на смрт од ВМРО, ликвидацијата требало да ја изврши Јордан Цицонков, било подготвувано поголем временски период за да се изврши јавно и да предизвикаат поголем ефект во Европа бидејќи се извршило во Прага, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети професорот Никола Жежов.

– Атентаторот се предал, бил организирано јавно судење, ВМРО нашла добри адвокати, дури ни вистинското име не му било долго време откриено. Тој бил ослободен од обвиненијата, Александров го одликувал со орден и го прогласил за херој.

Протест на одлуката имала Кралството на СХС, судењето се префрливо во помало гратче во Чехословачка, биле изнесени нови докази и бил осуден, за да не оди во затвот атенаторот се самоубил, вели професорот.

– 12.000 жандарми на СХС биле сместени во Македонија на границата со Бугарија, но имало и разни контрачети, имало дури и здружение за борба со “”бугарските бандити бидејќи СХС ги прогласила четите на ВМРО за “бугарски”. Тоа е воена состојба, границата била обезбедена и со волчји јами, целиот појас во 2 километри бил исечен, не постоеле шуми за да се гледаат четите ако поминуваат, поставена жичана ограда, ископани јами со дрвени колци за доколку некој ја помине границата. Тоа е најдобро обезбедуваната граница во Европа во тој период но и покрај тоа наоѓале начин да ја поминат границата.

ВМРО имала активен состав од 1500 комити, чети и 10-15.000 резервен состав што било вкупно повеќе од полицијата на Бугарија на пример, објаснува професорот Жежов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…