(Видео) ТАА ГО ПРАШУВА ЗА ЖИТОТО, А ТОЈ Ѝ ГО МЕРКА ФУСТАНОТ: Новинарка доби чуден одговор од Лавров
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска беше прашан дали Црноморскиот договор за жито е мртов, но тој одлучи да не одговори на прашањето, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Лавров беше на пат од состанокот на Советот за безбедност на ОН, со кој претседаваше, на состанок со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кога новинарка на Ројтерс му постави прашање за договорот за жито. Министерот застана пред новинарката, но само за да ѝ даде комплимент.
– Убав фустан – рече тој.
Се очекува Гутереш и Лавров да разговараат за можноста за продолжување на договорот за жито по 18 мај.
🇷🇺 Lavrov to journalist: "Nice dress"😎 pic.twitter.com/OuvUH1z7pG
— Sinnaig (@Sinnaig) April 24, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски на средба со новата британска амбасадорка:…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Цигарите треба да станат „изгор“ скапи, загрижува…
Цигарите треба да станат скапи и недостапни…
Мицкоски оствари средба со британската амбасадорка Маја…
Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со амбасадорката…
Гаши: Македонија е подготвена да ги внесе…
Македонија е подготвена да го внесе бугарското…
25-годишник го нападнал својот татко
На 23.11.2026 во 23:10 часот во с.…