(Видео) Такси возач во Скопје го бранеше автомобило од пајак-службата!
Такси возач чие возило требаше да го крене пајак поради непрописно паркирање се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе автомобилот. На крајот наместо да плати сума за пајак службата и казна, тој плати само казна од 1.500 денари.
Инцидентот настана откако пајак-службата, во придружба на полиција, пристигна на локацијата за да го отстрани непрописно паркираното возило. Возачот, во обид да ја спречи постапката, се качи на кровот на таксито, изразувајќи јасен став дека нема да дозволи возилото да биде подигнато.
Тој не отстапуваше и кажа дека е подготвен да ја плати само законски пропишаната парична казна од 1.500 денари, без дополнителни трошоци за подигање на возилото.
По кусо договарање со надлежните, му беше изречена само парична казна, а возилото остана на местото на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
