(Видео) Талевски: ВМРО-ДПМНЕ молчи поради партиски дилови – пратениците ги боли и пече кога зборуваме за Мицкоски

t

Одговорност и интерпелација за Гаши требаше да побараат МВР и Панче Тошковски, нагласи на денешната седница во Собранието пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, кој истакна дека сите скандали на Гаши се потврдени од страна на МВР.

– ВМРО-ДПМНЕ молчи заради партиски дилови. Ниту е казнет Наим Рамука, ниту Африм Гаши, туку единствени казнети се полицајците на граничниот премин Блаце кои се казнети со процент на плата, додека пратениците тука го штитат Гаши. Ако Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за оваа интерпелација и за одговорност на Гаши, тогаш немаат право ништо повеќе да бараат. Одговорност ќе има сакале вие или не, нагласи пратеникот Талевски.

Талевски вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе ги боли.

-Ве боли и пече кога ќе се спомне Мицкоски. Мицкоски презел одговорност да биде премиер, а вие колку да сакате да му се додворувате имате катастрофален почеток. Се што фативте во овие два месеци направивте пепел и пустош. Ако ве боли за вашиот неуспех, оа е ваш проблем. Излеговте ги лажевте граѓаните за северна, за платите, за пензиите, тотален крах имате и тоа ве боли, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…