(Видео) Татковината не се љуби со врзани очи! 92 години од раѓањето на великанот на македонската поезија и македонизмот, Анте Поповски

t

На денешен ден, 3 јуни, во 1931 година е роден Анте Поповски,македонски поет, есеист, препејувач, публицист и политичар, великан на македонската поезија и голем Македонец.

Анте Поповски дипломирал медицина, но се занимавал со литература. Работел како директор на НИП „Нова Македонија“ во периодот од 1970 до 1973 и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На почетокот на 1990-тите, тој бил еден од основачите на политичката партија МААК. Исто така, Поповски бил член на МАНУ од 2001 година.

Позначајни дела на Поповски се:

Одблесоци (поезија, 1955)
Вардар (поезија, 1958)
Самуил (поезија, 1963)
Непокор (поезија, 1964)
Камена (поезија, 1972)
Тајнопис (поезија, 1975)
Љубопис (поезија, 1980)
Родопис (поезија, 1981)
Сина песна (поезија, 1984)
Глас од дамнина (со литературно-историски и поетолошки карактер, 1986)
Ненасловена (поезија, 1988)
Оковано време (статии и коментари, 1991)
Меѓу животот и знаците (есеи, 1991)
Провиденија (поезија, 1995)
Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија и Индија.

Поповски е добитник на наградите:

„Браќа Миладиновци“ за 1964 година за стихозбирката „Непокор“,
„Браќа Миладиновци“ за 1995 година за стихозбирката „Провиденија“,
„11 Октомври“ за 2002 година,
„Кочо Рацин“,
„Гоцева повелба“
и на Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“.

Во чест на денот на неговоро раѓање, денеска ви пренесуваме дел од неговиот говор од протестите во Скопје во Февруари, 1990 година, каде Поповски истакна:

-Патот за Европа за повеќе балкански народи и земји води низ Македонија и нема пат за Европа без слободата на македонскиот народ во сите соседни земји. Досегашните драматични и револуционерни промени во светот во кој централно прашање се човечките права, етничките и граѓанските слободи на народите, е клучно прашање за иднината на Европа и слободата на националните малцинства. Во меѓузависноста на едни од други, каква што не била никогаш досега, се распознава една нова иницијатива на Балканот, за демократска и модерна Европа. Татковината не се љуби со врзани очи! Бараме целосни слободи за сите Македонци независно под чие ропство се наоѓаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…