Објавено на:

(Видео) ТАЈНИ ТУНЕЛИ НА ХАМАС: Смртоносна стапица ги чека Израелците во Газа – сѐ за озлогласениот лавиринт

t

Додека Израел се подготвува за сеопфатна копнена офанзива во Појасот Газа, еден од најголемите предизвици со кои се соочува е злогласната мрежа на подземни тунели на Хамас.

Многу експерти предупредуваат дека во копнена офанзива, Израел ќе ја загуби својата огнена моќ и дека ќе мора да се бори против непријателот кој е на сопствено терен. Густо населената област со мрежа од тунели е голем предизвик за Израел.

Портпаролот на израелските одбранбени сили вчера изјави дека тие напаѓаат делови од тунелската мрежа, но тоа нема да биде лесна битка.

Тунели на Хамас: „Метро во Газа“
Во 2021 година, израелските одбранбени сили тврдеа дека повеќе од 100 километри од тунелната мрежа на Хамас биле уништени. Лидерот на Хамас Јахја Синвар тогаш изјави дека мрежата на тунели во Газа е долга 500 километри и дека само пет отсто се уништени.

Да се ​​создаде слика – должината на маршрутите на метрото во Њујорк е 399 километри, а Њујорк е повеќе од двапати поголем од Појасот Газа.

Одговарајќи на глобалните критики за гаѓање цивилни објекти, израелските сили постојано тврдеа дека оперативците на Хамас се кријат во тунелите под цивилните згради. Откако ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година, Хамас работеше на проширување на мрежата на тунели во градот, како и долж границата меѓу Газа и Израел.

Израелските сили тунелите ги нарекуваат „метро во Газа“. Фотографиите од овие тунели покажуваат вградени светла и доволно простор за да се сокријат оружјето и муницијата. Ѕидовите се направени од цемент, што доведува до тврдења дека хуманитарната помош за Газа е пренасочена кон изградба на инфраструктура за активностите на Хамас.

Улогата на тунелот во нападите на 7 октомври
Шокантните напади на Хамас минатиот викенд беа комбинација од масивен ракетен напад и истовремен упад на копно и море. Границата на Израел со Газа е оградена и има сензори за откривање на движење, но немаше предупредување пред Хамас да започне напад врз цивили. Оперативците на Хамас можеби го користеле прекуграничниот тунел за да преминат во Израел неоткриен.

Израелската ограда со Газа е висока девет метри, со подземна бетонска бариера. Па, како оперативците на Хамас влегле во Израел неоткриени, освен ако не ископале тунел под оградата и бариерата?

За разлика од пософистицираните тунели во градот Газа, прекуграничните тунели се рудиментирани, изјави за Би-Би-Си, Дафне Ричемонд-Барак, од Универзитетот Рајхман.

– Тоа значи дека тие немаат речиси никакво утврдување. Тие беа ископани за еднократна цел – инвазија на израелска територија – вели таа.

Тунелите во градот „се опремени за подолго, постојано присуство“.

– Лидерите се кријат таму, имаат командно-контролни центри, ги користат за транспорт и врски – вели таа.

Историја на тунелите во Газа
Пред Хамас да ја преземе контролата врз Појасот Газа, тунелската мрежа се користела за шверц. По повлекувањето на Израел од Газа во 2005 година и по изборите во 2006 година на кои победи Хамас, Израел и Египет почнаа да го ограничуваат движењето на стоки и луѓе преку нивните граници со Газа.

Мекото и песочно тло беше погодно за копање, така што тунелите се доволно високи за возрасен маж да помине низ нив исправено и доволно широки за минување на вагони по шини, а се потпираат на дрвени греди – како стари рударски тунели – иако има и такви кои се бетонирани и опремени со електрични инсталации.

Со текот на времето, шверцот престана да биде примарна цел. Египет ги уништи тунелите во близина на својата граница, но оние кон Израел беа проширени и почнаа да се користат за позлобни цели. Во 2006 година, израелскиот војник Гилад Шалид беше заробен, а неговите колеги беа убиени во прекуграничен напад низ тунели. Хамас го држеше војникот две години пред да го ослободи во договор за размена на затвореници.

Во подоцнежните години, Израелците почнаа да ги нарекуваат тунелите „терористички тунели“, па дури и го ограничија влезот на градежни материјали во Појасот Газа. Во 2014 година, илустрацијата објавена од израелските одбранбени сили покажа повеќе нови тунели преку границата.

Задачата на тунелот во копнена офанзива
Додека се подготвува за копнена офанзива, клучната грижа на Израел е да обезбеди безбедно враќање на околу 120 заложници држени од оперативци на Хамас. Израелски безбедносен извор за новинската агенција Ројтерс изјавил дека е можно заложниците да се држат под земја.

– Повеќето цели, луѓе, опрема, логистика се под земја и можно е заложниците да се под земја. Целта ќе биде да се расчисти теренот за потоа да се дојде до подземните бункери – изјави изворот.

Израел ќе се потпира на бомбите и тенковите Меркава за уништување на бункери, предизвикот ќе биде справување со стапици и оперативци на Хамас кои добро го познаваат подземјето и можат да го користат за напад, криење и бегство.

Ричмонд-Барак за Би-Би-Си изјави дека Хамас добил доволно време да ја разнесе мрежата на тунелите.

– Тие само можеа да ги пуштат израелските војници и потоа да разнесат сè – рече таа.

Салех Ал-Арури, заменик-шефот на политбирото на Хамас, изјави за „Ал Џезира“ дека пред Хамас да го нападне Израел, неговиот одбранбен план „бил посилен“ од неговиот план за напад.

Додека израелските авиони ги напаѓаат зградите во Газа, ОН изразија загриженост поради хуманитарната криза со која се соочуваат два милиони жители на Појасот. Како што расте бројот на загинати, Тел Авив најверојатно ќе се соочи со меѓународен притисок за деескалација.

Тунелите во Газа може да значат дека Израел има долга битка пред него и нема доволно време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…