Објавено на:

(Видео) Тепачка во НБА: Нуркиќ го „шлапна“ Маршал и предизвика хаос

t

Кошаркарите на Далас се радуваа на победа во Феникс со 89-98, а натпреварот го одбележа друга целосно неспортска сцена.

Имено, во финишот на третиот период при водство на гостите од 49-60 настана хаос на паркетот. По еден дуел за топка нерасчистени сметки имаа Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал. Босанскиот центар му удри шлаканица на противникот, а тогаш настана вистински хаос.

Маршал веднаш се обиде да му возврати и тоа со тупаница, но беше спречен од групата која се формираше и за малку го промашу лицето на Нуркиќ.

Епилогот беше исклучување за двајцата актери во тепачката, како и за Пи-Џеј Вашингтон кој се вмеша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…