(Видео) Тешки борби меѓу израелската армија и Хамас на југот на Израел, активни се и тенкови!
Судирите меѓу Израел и Палестинците продолжија втор ден. Во текот на првиот ден од конфликтот, на израелска страна загинаа околу 350 лица, додека 1.864 беа повредени, што е најголем број жртви во последните 50 години. На палестинска страна животот го загубија 320 лица, додека околу 2.000 беа повредени.
Израелската армија денеска соопшти дека изведува артилериски напади врз цели во Либан, откако, како што соопштија, од територијата на таа земја во правец на Израел биле истрелани неколку минофрлачки гранати.
Ракетите паднале на подрачјето на спорната Голанска Висорамнина, а засега нема информации за повредени или материјална штета, јавуваат израелските медиуми.
По вчерашната ескалација, кога военото крило на палестинскиот Хамас изврши напади на десетици израелски воени позиции, а Израел на Појасот Газа, судирите продолжија и денеска.
Видео:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…