(Видео) Тешко нас со вакви политичари – Мицкоски зачуден од анексијата : „Русија го гарантирала територијалниот интегритет на Украина“

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше огромен гаф во своето гостување во Студио 10 на телевизија 24 откако пред целата македонска јавност изјави дека е изненаден од промената на ставот на Владимир Путин и Русија кои досега го гарантирале територијалниот интегритет на Украина.

Мицкоски употреби и досега непознати термини како „сепарација“ и „инвазионистички“ политики веројатно мислејќи на сепаратизам и експанзионизам.

Останува нејасно како Мицкоски мислел дека Путин а го гарантирал територијалниот интегритет на Украина кога уште во 2014-та година, Владими Путин изврши анексија на Украинска територија, поточно на полуостровот Крим.

Да потсетиме дека Мицкоски го гледал рускиот амбасадор директно во очи обидувајќи се да го пишмани од руската инвазија на Украина која започна на 24 февруари.

„Јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина“, нагласи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска за 25 ноември го закажа продолжението…

Надзорната расправа во собраниската Комисија за финансирање…

Дурмиши: Ако биде доставен предлог, Владата ќе…

На владина седница ќе се разговара за…

Септемвриската просечна плата е 49.141 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Раководител во „Комунална хигиена“ се заканувал со…

Раководител во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ бил…

СОСЕДИТЕ НАЈДОА БАКАР, НАШИОТ ВО ИЛОВИЦА НЕ…

Бугарија повторно се позиционира како еден од…