(Видео) Тинејџер избоде полицајци во Ерусалим, убиен е
Во напад со нож на Иродовата порта во Ерусалим утринава се ранети маж и жена полицаец на границата, потврди израелската полиција. Според извештаите, нападот се случил во близина на израелска полициска станица во главниот град, пишува „Џерусалим пост“.
Состојбата на ранетата полицајка се влошила и таа сега е во критична состојба. Напаѓачот бил убиен од полицајци кои реагирале на местото на нападот. Болничарите ги згрижија ранетите полицајци пред да бидат итно пренесени во Универзитетскиот медицински центар во Ерусалим на понатамошно лекување.
Полициските службеници почнале да собираат докази на местото на настанот и да ја проверуваат областа за да ја отфрлат можноста за други соучесници во нападот. На местото на нападот отишол и началникот на полицијата Коби Шабтаи.
Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 16-годишен жител на населбата Исавија во источен Ерусалим. Полицијата соопшти дека во близина е приведен уште еден осомничен и дека „се истражува неговата поврзаност со терористот и нападот“.
Нападот доаѓа во време на зголемени тензии во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, додека Израел води жестока војна против Хамас во Појасот Газа. Минатиот месец двајца полицајци беа ранети, од кои еден тешко, во пукање пред истата полициска станица во Ерусалим.
“The Israeli forces are on alert in Jerusalem following the stabbing attack.” pic.twitter.com/ruF9FyH3ip
— S p r i n t e r X (@SprinterX99880) November 6, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските берзи во минус: Падот на цената…
Европските индекси денес се претежно во минус,…
Во кампот за мигранти на север во…
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во…
Ако одите во Грција погледнете го распоредот:…
Возачите од Македонија кои вечерва патуваат кон…
(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв…
Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби…
(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…
Во масовен бран напади со украински беспилотни…