Објавено на:

(Видео) Тинејџер украл трамвај и го возел низ Загреб

t

Полицијата во Загреб синоќа уапси 19-годишник кој завчера украл трамвај на ЗЕТ во месноста Трешњевка во Загреб. Како што известија, во моментов против него водат кривична истрага.

Како што вели полицијата, во четвртокот околу 23 часот и 15 минути на загрепската улица Озаљска, младиот човек влегол во незаклучен трамвај, го стартувал и се упатил кон улицата Тратинска, каде го напуштил трамвајот и се оддалечил во непознат правец.

Полициските службеници за настанот добиле пријава од одговорните лица на претпријатието ЗЕТ и интензивно трагале по сторителот поради сомнение за сторено кривично дело „Неовластено користење имот на друго лице“.

Полициската управа во Загреб во моментот на инцидентот добила снимка од трамвајот од одговорното лице на транспортната компанија, а полициските службеници ја утврдиле локацијата на можниот сторител, се наведува во соопштението.

На социјалните мрежи стана вирално видео снимено од млад човек кој краде и вози трамвај. Според видеото, се чини дека тој во група на WhatsApp се фалел дека го украл трамвајот.

Бизарно е што на видеото се гледа дека во еден момент покрај трамвајот поминува полициски автомобил и полицијата не го забележува момчето што вози трамвај.

Трамвајот бил украден и покрај обезбедувањето, полицајците на ЗЕТ го забележале дури кога го оставил на улица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…