(Видео) Торнадо во Сплит…
Силно невреме пропратено со дожд, силни грмежи и бројни пијавици денеска го зафати Сплит и околината.
Според Хина, засега нема повредени или оштетувања на објекти.
По вчерашните пијавици кај Ровињ и Крес, денеска овој редок природен феномен се појави кај Чиово во Хрватска. Пијавица се гледаше од Марјана, Слатина и Каштела и таа се вртеше околу 10 минути.
Подрачјето на целото Јадранско Море трет ден по ред е под влијание на силен медитерански циклон, а денеска неговиот центар е позициониран над северниот дел на Јадранот.
Радарската слика на Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) откри дека облакот над Сплит бил висок дури 12 километри.
Сепак, облакот беше од локален карактер бидејќи до 13 часот во западниот дел на Сплит наврнаа 35 литри дожд, додека во исто време ниту капка дожд не наврна на истокот од градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…