(Видео) Тошковски со детали за трите акции на МВР: Приведени членови на ИСИС, лица осомничени за убиства, изнуда, палење на автомобили

t

Во изминатите денови МВР во координација со ОЈО и другите безбедносни институции во државата, да упатам благодарност до АНБ, Финансиската полиција и управата за финансиско разузнавање кои дадоа огромен допринос за овие три акции. Целта е да ве информираме за досегашните информации за преземените мерки и активности, секако почитувајќи ја презумпцијата на невиснот, истакна на денешната прес-конференција министерот Пначе Тошковски.

МВР поднесе кривична пријава против четири лица за терористичка организација, првиот создал терористичко-злосторничка организација во која членуваат другите пријавени и уште неколку засега непознати лица, со основи на идеолошката матрица на ИСИС со намера на изведување на терористички акт на цивилни или меки цели, односно јавни објекти на територија на Македонија. За оставрување на таа намера првопријавениот формирал повеќе групи на Телеграм во која спроведувал претходно набавен и преведен материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, пробал да набави оружје и експлозивни направи кои планирале да ги користат за вршење на терористички напади. По извршен претрес пронајдени одземени се пиштол два лаптопа, два телефони доставени до ОЈО.

По извршената анализа на доказите утврдено е дека истиот формира и координира активности како војник на ИСИС за медиумска промоција и заштита на терористичката организација со намена на албанско говорно подрачје. На 15ти извршен е претрес во дом и други простории и кај останатите приведени, каде се пронајдени и одземени разни материјали, хартии со натписи на арапски и албански јазик, прстен со амблем на ИСИС итн. Одредена е мерка притвор во траење од 30 дена, информира Тошковски за конкретната акција.

За вториот случај, односно вчерашната акција Тошковски објасни дека одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал, заедно со други оддели под ракоодство на обвинител од ОЈО ГОКК по повеќемесечно истражување спроведе акција во која е сузбиена 18-члена организирана криминална група од лица од Скопје кои биле инволвирани во разби настани, убиства и недозволена трговија со оружје.

– При претресите извршени кај 24 лица, на 30 локации од кои 28 на подрачје на Скопје и две на подрачје на Велес, до сега се пронајдени огнено оружје, опрема, панцири, над 30 милиони денари во различни апоени кај осомничените, пет моторни возила се одземени, накит, поголема количина на злато, 9 мобилни телефони, 5 сим карти, рачни часовници, ресивери итн кои ќе бидат предмет на вештачење. Ова е до сега затоа што претреси се во тек.

По спроведените претреси, како и врз основа на претходно прибавените докази поднесени се кривични пријави за убиство и убиство во обид, дела извршени во последните години меѓу кои и убиствово во Шиша Бар, како и за изнуда, предизвикување на општа опасност и злосторничко здружување. Во текот на 2020 година дел од пријавените создале група и имале за цел вршење на убиства, организаторите подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, кад еи на каков начин ќе биде лишен од живот, а одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на криминалната група. Кон оваа криминална група, припадници станале и дел од другите пријавени. Во текот на 2021 година, пет лица под пријавените создале група со цел вршење на убиства. Во рамки на групата секој од членовите имал своја улога, се давале пари за убиства, планирале и вршеле убиства, тројца биле задолжени за набавка на патнички моторни возила за вршење на убиства и следење на лицата кои требало да бидат лишени од живот. Од страна на членовите на оваа криминална група извршени се повеќе убиства, како и убиства во обид, истакна Тошковски.

Три лица создале група за изнуда, додава Тошковски. Членовите на оваа група извршиле кривични дела изнуда, при што опожариле пет спортски обложувалници и една сендвичара. Едно лице од оваа група од 2022 година нарачувал од еден од пријавените и од други лица да опожаруваат патнички моторни возила на вработени лица во затворската полиција во КПУ Идризово и да предизвикаат значителна опасност по животот и телото на луѓето и да предизвикаат страв кај затворската управа за да не преземат дејствија кои по закон се должни да ги преземат, соопшти министерот.

– При претресите се пронајдени пари кај еден од осомничените околу 40.000 евра, кај еден 20.000 лица, две лица не се достапни на органите на прогонот, вели Тошковски кој смета дека МВР е подготвено да одговори на сите безбедносни предизвици.

– Криминалните банди немаат место во нашата држава, а нивните активности нема да бидат повеќе толерирани, истакна Тошковски кој се извини за вчерашните блокади на сообраќајот во Скопје поради полициската акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…

Под истрага 18 членови на „Беланоца –…

ОЈО ГОКК сподели детали за вчеашната акција…

Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…

По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…