Објавено на:

(Видео) Трагедија во Колумбија: Бик усмрти неколкумина откако се урна трибина на стадион

t

Најмалку четири лица ги загубија животите, а десетици се повредени при уривање на трибината за време на борба со бикови во централна Колумбија. На снимката која се појави на интернет се гледа моментот кога се урива трибината на стадионот во Ел Еспинал.

Традиционалната манифестација на коралеја значи вклучување на публиката во арената со бикови. И токму во моментот кога дел од публиката влезе во арената со бикови, работата излезе од контрола.

Новоизбраниот претседател на Колумбија Густаво Петро ги повика локалните власти да забранат вакви настани бидејќи, како што изјави , ова не е прв пат да се случи ваква несреќа.
Меѓу загинатите на трибините има две жени, маж и дете, додека 30 лица се повредени Се стравува дека бројот на загинати би можел да биде поголем.

По несреќата, бикот избегал од стадионот, што предизвика дополнителна паника во градот.
локалните власти соопштија дека градската болница и брзата помош немаат доволно капацитет за толку многу повредени.

Превод: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж е пронајден жив под урнатините речиси…

Колумбиските спасувачки екипи денеска водеа трка со…

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во…

Европската Унија издвои во првиот круг 100.000…

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…

Бројот на жртви во Колумбија надмина 100,…

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде…