Објавено на:

(Видео) Траги-комедија: Австралија отстранува статуа на Џејмс Кук затоа што имал нацистички поздрав

t

Статуата на капетанот Џејмс Кук, која е обележје на австралискиот град Кернс од 1972 година, е отстранета на барање на локалното население, кое реагирало поради наводниот нацистички поздрав на статуата, но и затоа што Кук е „симбол на колонијализмот и геноцидот“ за австралиските домородни луѓе.

Статуата на британскиот истражувач, висока 10 метри, е отстранета од постаментот во Кернс во сојузната австралиска држава Квинсленд, откако беше причина за протести на незадоволните локални жители.

Сопственикот на компанијата за уривање, Мартин Антон, за еден долар ги купил правата за демонтирање и отстранување на контроверзната статуа бидејќи, како што вели, не сакал да биде урната.

Иако самата статуа може да биде контроверзна, таа е икона. За секој човек што ќе каже дека не му се допаѓа, ќе најдете уште девет што ќе кажат дека им се допаѓа. Го почитувам мислењето на сите и само се надевам дека сите го почитуваат моето – изјавил Антон.

Тој истакнал дека би сакал статуата еден ден да се врати на јавен простор.

Мештаните се собрале и го следеле отстранувањето на статуата, која со кран беше отстранета од постаментот и со камион преместена во нов привремен дом, иако се уште не се знае каде ќе биде нејзината крајна дестинација.

Отстранувањето на статуата, кое двапати беше одложувано поради дожд и лошо време, конечно следеше откако петицијата за уривање на статуата доби над 19.000 потписи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија ќе назначи специјален советник за истрага…

Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој…

Тинејџерка избодела соученик во училиште во Перт

15-годишно девојче е обвинето дека избодело 16-годишно…

Австралија им се извини на жртвите од…

Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…

Роберт Милошески стана прв советник со македонско…

Роберт Милошески на неодамнешните локални избори стана…

Јапонија ја покани Австралија да учествува на…

Јапонија денеска објави дека ја поканила Австралија…