(Видео) Траги-комедија: Директори на основни училишта се тепаат во ноќен клуб во Кавадарци

t

Видео снимка направена синоќа во ноќен клуб во центарот на Кавадарци, на која е снимена тепачка помеѓу две лица, се споделува на социјалните мрежи, а стана популарна токму поради тоа што двајцата што се тепаат се директори на основни училишта.
Возрасните мажи кои се тепаат, а потоа присутните ги разделуваат, се директори во две основни училишта во градот.

Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир.

Кавадарчани се згрозени од настанот и јавно прашуваат како може носители на јавни функции, во дискотека каде излегуваат нивните деца, да се однесуваат на таков недоличен начин.
Се бара одговорност и нивно поднесување на оставки од морални причини.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.

-Нема толеранција ниту пак оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи во понеделник – изјави Јанчев.

Инаку, како што открива Фејсбук профилот Реално Кавадарци, станува збор за директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Г.Г. и директорот на ОУ Тошо Велков- Пепето, С. П.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавадарчанка пријавила дека дечко ѝ ја силувал…

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со…

Возило се преврте кај кавадаречкото село Дреново

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото…

Тренчевска-Николовски: Од 2017 година до денес сме…

Денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство…

Запалени возило и гаража во Кавадарци

Возило и гаража биле запалени доцна синоќа…