(Видео) Трамп: Би им ја земал нафтата, но за жал, американскиот народ сака да си одиме дома
Би ја земале иранската нафта ако тоа зависеше од мене, вели претседателот на САД Доналд Трамп.
„Ја распарчуваме таа земја. И мразам да го правам тоа, но ја распарчуваме, а тие едноставно не сакаат да кажат „доста е“. Не сакаат да признаат пораз, но ќе го сторат тоа. Ако не го сторат тоа, нема да имаат мостови, нема да имаат електрани, нема да имаат ништо“, рече Трамп.
Тој додаде дека постојат полоши опции од нападот врз инфраструктурата и додава: „За жал, американскиот народ сака да си одиме дома“.
„Нема да одам понатаму бидејќи има полоши работи од тоа. И ако ме прашате што би направил – би ја земал нафтата. Таа е таму, само треба да се земе. Нема ништо што можам да направам во врска со тоа. За жал, американскиот народ сака да си одиме дома. Ако зависеше од мене, би ја земал нафтата, би ја задржал и би заработил многу пари“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…
Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…