(Видео) Трамп: Зеленски е најголемиот трговец, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари
Поранешниот американски претседател и веројатен републикански кандидат, Доналд Трамп, остро ја критикува американската помош за Украина на предизборниот митинг во Детроит во саботата.
Говорејќи на настанот Turning Point USA, Трамп рече дека ќе ја прекине американската помош за Украина пред да ја преземе Белата куќа.
„Мислам дека Зеленски е можеби најголемиот бизнисмен од сите политичари што некогаш живееле, секогаш кога доаѓа во нашата земја си оди со 60 милијарди долари.
Тој пред четири дена замина со 60 милијарди долари, а дојде дома и објави дека му требаат уште 60 милијарди долари. Никогаш не завршува. Тоа ќе го решам пред да ја преземам Белата куќа како новоизбран претседател“, рече Трамп во говорот.
Трамп претходно изјави дека ќе ја запре воената помош за Украина доколку победи на претседателските избори во САД во 2024 година.Трамп исто така тврдеше дека Русија немаше да почне инвазија на Украина во 2022 година доколку добиеше втор мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕЦБ предупредува: Задолжувањето за вештачка интелигенција потсетува…
Европската централна банка предупреди дека брзиот раст…
(Видео) Оштетен највисокиот облакодер во Ријад по…
Кулата на саудискиот Фонд за јавни инвестиции…
МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ НАПАДНАТО СО ТВРД ПРЕДМЕТ –…
На 18.11.2026 во 22:20 часот во СВР…
САД повикаа на зголемена претпазливост по иранските…
Американската амбасада во Кувајт ги повика американските…
Вучиќ: Ќе поднесам оставка, бидејќи ми сте…
Александар Вучиќ во српскиот парламент бурно реагираше…