Објавено на:

(Видео) Трамп игра голф опкружен со војска и ракети

t

Американскиот претседател Доналд Трамп последниве недели на голф-терените се појавува со придружба која далеку ги надминува вообичаените протоколи за претседателска заштита.

За време на партија голф на теренот во Бедминстер, Њу Џерси, каде што го помина викендот следејќи ја завршницата на турнирот LIV Golf, на само неколкуметри зад него бил поставен воениот противвоздушен систем Avenger, опкружен со бодликава жица. За негово опслужување биле ангажирани повеќе од десетина војници, а снимките и фотографиите што се појавија на социјалните мрежи го прикажуваат и радарот Sentinel, наменет за откривање цели во воздухот.

Германскиот весник „Билд“ јавува дека станува збор за систем кој вообичаено се користи за заштита на воени единици во воени зони. Тој е вооружен со ракети Stinger, способни да соборат нисколетачки летала и беспилотни летала, вклучувајќи и модифицирани комерцијални дронови кои потенцијални напаѓачи би можеле да ги искористат за атентат.

Трамп, сепак, ја прифатил ситуацијата со доза на хумор. За време на средбата со војниците кои го обезбедувале, американскиот претседател се прошегувал: „Не се грижам за ракетите и дроновите“. На тоа, еден од припадниците на единицата, покажувајќи кон противвоздушниот систем зад нив, му одговорил: „Сè имаме под контрола“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…