(Видео) Трамп: Не сум разговарал со Инфантино за продажбата на удели од Светското првенство
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не разговарал со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, за плановите дел од комерцијалните права на Светското првенство да бидат понудени на приватни инвеститори.
Одговарајќи на новинарско прашање во Кемп Дејвид, Трамп кратко рече: „Не, не сме разговарале за тоа“, по што веднаш премина на следното прашање, избегнувајќи подетална дискусија на темата.
Изјавата доаѓа само неколку дена откако ФИФА објави дека планира да формира нова комерцијална компанија со проценета вредност од 20 милијарди долари, која ќе управува со Светските првенства и останатите големи натпреварувања под капата на светската куќа на фудбалот.
Според најавите, ФИФА ќе го задржи мнозинскиот контролен пакет, но ќе понуди до 20 проценти од сопственоста на надворешни инвеститори, што би можело да донесе околу 4,2 милијарди долари свеж капитал.
Британски „Тајмс“ објави дека во потенцијалната трансакција би можеле да бидат вклучени инвеститори блиски до Доналд Трамп, иако засега нема официјална потврда за такво сценарио.
Трамп и Инфантино и претходно јавно го демонстрираа своето блиско пријателство, особено за време на Светското првенство што летово се одржа во САД, Канада и Мексико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…