(Видео) Трамп повторно збесна на новинарка заради прашање: „Ужасна си! Најнапорната во просторијата“
За време на тркалезната маса за земјоделство во Белата куќа, атмосферата денеска стана напната кога новинарката на ABC News, Рејчел Скот, праша за можното објавување на снимки од воена операција против наводен венецуелски брод за шверц на дрога – инцидент што предизвика многу контроверзии.
Кога беше прашан дали ќе му наложи на секретарот за одбрана да ги објави „целите снимки од нападот“, Трамп остро и ладно одговори: „Никогаш не го кажав тоа. Вие го кажавте тоа, јас не го кажав тоа. Ова се лажни вести на ABC“. Откако новинарката инсистираше на одговор, Трамп го подигна гласот и рече:
„Вие сте најпорната новинарка во целата просторија… Всушност, вие сте ужасна новинарка“.
Тој продолжи да објаснува дека не му е грижа што ќе одлучи секретарот – дури и ако снимките останат тајни, сè додека „нему му е во ред“. Притоа, тој не само што одби да одговори, туку јавно ја понижи новинарката затоа што побарала објаснување.
Во последните недели, претседателот упати насилни и понижувачки коментари кон барем неколку новинарки, што укажува на вознемирувачки тренд.
Trump crashes out at journalist after being questioned on illegal boat strikes: "You are a terrible reporter" #trump #america #news pic.twitter.com/VVBLMy4W04
— Rant Bot (@rantbotnews) December 9, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп повторно збесна на новинарка заради…
За време на тркалезната маса за земјоделство…
Мицкоски се сретна со генерал-мајор Грегори Најт
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Командантот…
Орбан: Прашањата поврзани со миграцијата во фокусот…
Прашањата поврзани со миграцијата ќе бидат во…
Најавени нови блокади на грчките земјоделците на…
Со поставени над 50 блокади низ цела…
Левица ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство…
Пред почетокот на денешната седница на Постојаната…